Други ресурси
Тука ќе најдете ресурси поврзани со SRM што ги изработи секретаријатот на SOLIDAR.
Матрицата ENHANCE
Картезијанската матрица ENHANCE е уникатна алатка што ги истакнува гласот и учеството на полазниците во образованието низ Европа. Матрицата е интерактивна мапа за оспособување на организациите за образование на возрасни да го засилат гласот на полазниците, заеднички да создаваат решенија и да поттикнуваат инклузивни промени. Истражете повеќе од 30 добри практики од цела Европа! Матрицата содржи примери на добри практики од Ирска, Швајцарија, Холандија, Белгија, Унгарија и Австрија, како и меѓународни практики. Матрицата истражува:
- Кој може да учествува во образовните процеси и кои се условите за учество
- Како учеството на возрасните полазници може да влијае врз заедниците, општествата и политиките
- Како гласот на полазниците може да биде подеднакво вреден и влијателен како и гласот на другите засегнати страни во образованието
Дознајте повеќе за проектот ENHANCE и за тоа како оваа алатка ги обликува инклузивните образовни практики низ Европа тука.
Национални основни документи на Just4All за праведната транзиција, доживотното учење и образованието на возрасните
ABF, Ligue de l’enseignement, CARDET и AONTAS, придружни субјекти на проектот Just4All финансиран од ЕУ, изработија 4 основни документи за контекстот во Ирска, Франција, Кипар и Шведска.
Четирите национални основни документи ја прикажуваат моменталната состојба на политиките насочени кон развој на соодветни шеми за учење на возрасните со кои се поддржува праведната транзиција. Документите содржат препораки за политики на национално ниво. Надоврзувајќи се на препораките што партнерите ги дадоа за националните контексти, SOLIDAR подготви летак со препораки за политики на европско ниво. Летакот од една страница е достапен на англиски јазик, а четирите основни документи се достапни на англиски, грчки, француски и шведски јазик.
Документ од една страница:
- ПРАВЕДНА ТРАНЗИЦИЈА И ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ : 5 препораки за ефективни политики (ENG)